послание
мн. посланија
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 28624
1.
Официјално, писмено обраќање од владарот до народот или до законодавното тело.
Примери:
Кралот пратил послание до сиот народ.
Слично со:
ферман (м.)
2.
Литературна творба во вид на писмо, на обраќање до некого.
Примери:
Тогаш беше испратено Поетското послание од Струга до светот.
3.
Апостолско писмо во Новиот завет.
Примери:
Апостолско послание.