постава
мн. постави
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 10523
1.
Ткаенина или кожа со која е поставена внатрешната страна на облека, обувки, прекривка и сл.
Примери:
Постава за мантил.
Носеше палто со волнена постава.
Свилена постава.
Слично со:
астар (м.)
2.
Состав од играчи, натпреварувачи што се на теренот во игра.
Англиски:
line-up
Албански:
formacion, ekip
Настапија со првата постава.