потврда
мн. потврди
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2929
1.
Доказ со кој се потврдува вистинитоста на нешто.
Примери:
Тоа е уште една потврда за неговата неспособност.
2.
Пишан документ со кој се потврдува, се докажува, се легализира нешто.
Примери:
Потврда за боледување.
Дајте ми потврда дека сум ги уплатил парите.