а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

потег

мн. потези
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 2616
1. Црта, линија како основен елемент при цртањето, сликањето.
Англиски: stroke Албански: pash, lëvizje
Употреба: Ликовна уметност
Примери:
Неговата сликарска техника се карактеризира со широки потези.
2. Во шахот - едно движење на фигурата.
Англиски: move Албански: një hov lëvizjeje
Употреба: Спорт
Примери:
По неколку потези противникот му понуди реми.
3. Движење со рака или со некаков предмет.
Англиски: movement Албански: lëvizje
Примери:
Таа со остри потези ги подвлекуваше грешките во писмените задачи.
Со брз потег го извади од под пазуви својот нож.
4. Постапка, гест направен со некаква цел.
Англиски: move Албански: gjest
Употреба: Преносно значење
Примери:
Погрешен потег.
Умен потег.
Тие го ценеа неговиот дипломатски потег.
5. обележје, карактеристика, детаљ
Англиски: detail Албански: detaj, detal
Употреба: Преносно значење
Примери:
Писателот со неколку потези ни го соопштува целиот настан.
Изрази
Со еден потег - непрекинато.
Со еден потег - брзо одлучи за нешто важно.