а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

поток

мн. потоци
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 2605
1. Воден тек помал и покус од река.
Англиски: brook Албански: prroskë
Употреба: Географија
Примери:
Пред нив еден мал поток се влеваше во поголема река.
планински поток
2. Голема количина течност што се излева.
Англиски: stream Албански: rrëke
Употреба: Преносно значење
Примери:
потоци крв, потоци лава, потоци солзи
3. Голема количина од нешто (светлина, зборови) што избива од некаде.
Англиски: plenitude Албански: bollëk, plotësi
Употреба: Преносно значење
Примери:
потоци од зборови
Поток од музика се слушаше од радиото.
4. Мноштво од народ што се движи во еден правец.
Англиски: crowd Албански: turmë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тргнавме низ разбранетиот поток од луѓе.
Изведенки
поточе ср.
мн. поточиња
дем.