потоне
потонат; потони, потонете; потонав, потона, потонаа; потонал; потонат; (ќе) потонев, (ќе) потонеа; (ќе) потонел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2614
1.
Пропадне под површината на вода, исчезне под вода.
Примери:
Во една бура, бродот потонал.
Јадицата веднаш потона.
Парата потона на дното од бистрата вода.
Слично со:
пропадне (св.)
2.
Пропадне во нешто меко, мочурливо, калливо.
Примери:
Рацете ѝ беа во тесто потонати.
Стапалата на татко му потонаа во меката земја.
3.
Пропадне, исчезне, се изгуби.
Примери:
Дворот потона во темнина.
Сонцето потона зад планината.
Тој беше потонат во долгови.
Слично со:
исчезне (св.)
4.
Дојде во некаква состојба, целосно се предаде на некаква работа, на некакво размислување.
Примери:
Тој потона во меланхолија.
Вечерта тој потона во длабок сон.
Тој потона во длабоки мисли, нешто го мачеше.
Слично со:
задлабочи (св.)
Изрази
Му потонале корабите (бродовите, гемиите) - (ирон.) се чувствува како да изгубил сѐ.
Вземи да потоне од срам - многу се засрами.
Изведенки
1.
потонува несв.
потонуваат
потонуваат
2.
потонување ср.
глаг. им.
Пример: Потонувањето на Титаник.
глаг. им.
Пример: Потонувањето на Титаник.