а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

почне

почнат; почнам, почни, почнете; почнав, почна, почнаа; почнал, почнале, почнало; (ќе) почнев, (ќе) почнеа; (ќе) почнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 85
1. Тргне од почеток, пристапи кон некое дејство.
Англиски: begin Албански: fillon
Примери:
Почна да им се посветува на проблемите.
Почна силно да плаче.
Градината почна да цвета.
2. Започне изградба, изработка на нешто.
Англиски: start Албански: nis
Примери:
Оваа година ја почнавме куќата.
Фабриката почна со производство на делови за возила.
3. Пристапи кон трошење на нешто непочнато.
Англиски: use up Албански: konsumon
Примери:
Ние веќе ја почнавме зимницата.
Ги почнавме дрвата.
4. Зафати нешто да се случува.
Англиски: begin Албански: filloj
Примери:
Почна летото.
Часот почна.
Изведенки
1. почнува несв.
почнуваат
2. почнување ср.
глаг. им.