појде
појдат; појдам, појди, појдете; појдов, појдоа; пошол, пошле; појдев, појдеа; појдел; појден
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 509
1.
Отиде, замине некаде.
Примери:
Појдоа на пат.
Тој појде на работа.
3.
Земе нешто за појдовна точка.
Примери:
Појде од погрешна претпоставка.
Во планирањето појдовме од досегашните резултати.
Слично со:
претпостави (св.)
4.
изгуби, исчезне, отиде
Примери:
Во пожарот му појде куќата.
Со тој ум, и глава ќе ти појде.
5.
(си појде) Си отиде, си замине (од каде пошол).
Примери:
Не можеа повеќе да чекаат, си појдоа.
Тој ќе си појде дотогаш.
Слично со:
замине (св.)
Изрази
Како дошло така пошло - на ист начин како нешто се создало така го снемало.
Му појде некому в уши - дознал нешто.
Му појде од рака - успешно извршува некаква дејност.
Појди-дојди - се шета, оди некаде и се враќа; залудно го троши времето.
Изведенки
појдува несв.
(си) појдуваат
(си) појдуваат