практика
  
     
     
  
  
      
          
             (едн.) практиката
          
      
    
    
    
      Вид збор: Именка, женски род
    
    
	    
	      Ранг: 1987
	    
	
    
    
      
          1.
          Непосредна примена и спроведување во дело на определени постапки.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Нема теорија без практика.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
		  Спротивно од:
		    
			  теорија (ж.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          Начин на работење, однесување или постапување во определена област.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Во банкарскиот систем е воведена нова практика.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          3.
          навика, обичај, постапка
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Сѐ повеќе се зацврстува практиката за продажба со непосреден договор.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          4.
          Примена на знаењата во работа, вршење некаква стручна работа.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              лекарска практика
	              
	            
	          
	            
	              адвокатска практика
	              
	            
	          
	            
	              образовна практика
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          5.
          Стручна работа со определено времетраење по завршеното школување која служи за воведување во работата.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Веќе неколку месеци сум на практика во градската болница.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		   
   
         
	        