практичен
практични
Вид збор: Придавка
Ранг: 3553
1.
Што се однесува на практика.
Примери:
практичен живот
практична работа
практично значење
2.
Што се однесува на примена во практиката на определена наука или систем од знаења.
Примери:
практична физика
3.
Што има практика, искуство во нешто.
Примери:
практичен човек
4.
Што е згоден за употреба.
Примери:
практична алатка
практични методи
Изведенки
1.
практично прил.
Пример: На оваа работа јас гледам практично.
2.
практичност ж.