прати
пратат; пратив, пратија; пратил; пратен; (ќе) прател
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1178
1.
Упати некого некаде со определена цел.
Примери:
Ја прати ќерката на летување.
Го прати детето на чаршија по леб.
Фирмата ги прати на усовршување во странство.
Слично со:
упати (св.)
2.
Упати, достави некому нешто.
Примери:
Родителите ми пратија пари по пошта.
Тој ѝ прати писмо на девојката.
Тие ми го пратија багажот со брод.
3.
Изрази почит, внимание кон некого (со зборови, со гест, писмено).
Примери:
Им прати поздрав на родителите.
Од прозорецот ѝ прати бакнеж.
4.
Зрачи, емитува зраци, сигнали и сл.
Примери:
Сонцето ги прати последните зраци и се скри зад хоризонтот.
Сателитите пратија сигнали до најдалечните места на земјата.
Слично со:
емитира (св. и несв.)
5.
Во состав на некои именки изразува дејство во однос со значењето на именката.
Примери:
Прати во војска.
Прати во пензија.
Прати в затвор.
Прати на суд.
Изрази
Како Господ да те пратил! - дојде токму навреме, во вистински час.
Го прати доврага (по ѓаволите) - обично во лутина, за изразување незадоволство.
Изведенки
1.
праќа несв.
праќаат
праќаат
2.
праќање ср.
глаг. им.
глаг. им.