прегази
прегазат; прегазил; прегазен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 6925
1.
Премине со газење преку нешто.
Примери:
Коњаниците ја прегазија реката во најплиткото место.
2.
Помине со возило преку некого или преку нешто.
Примери:
Возот прегазил некого.
Тој со својот камион прегази едно куче на патот.
Вид: усмрти (св.)
3.
Уништи, порази некого.
Примери:
Со одличната игра, тие го прегазија противничкиот тим.
прегазени од времето
4.
Прекрши даден збор, ветување, постапи на спротивен начин.
Примери:
Тој ги прегази сите ветувања и замина.
Таа го прегази дадениот збор, како ништо да не ветила.
Изведенки
1.
прегазува несв.
прегазуваат
прегазуваат
2.
прегазување ср.
глаг. им.
глаг. им.