прегледа
прегледаат; прегледал; прегледан
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 6196
1.
Разгледа содржина на нешто.
Англиски:
check
Албански:
kontrolloj
На границата им ги прегледаа патните исправи.
Таа ги прегледа сите текстови.
Тој го прегледа весникот додека пиеше кафе.
Учителот ги прегледа писмените задачи.
Слично со:
провери (св.)
2.
Разгледа определен простор, извиди определена состојба.
Англиски:
inspect
Албански:
kontrolloj, inspektoj
Ги прегледа сите простории на зградата.
Откако го прегледаа добро теренот, поставија заседа.
3.
Провери, испита здравје.
Примери:
Докторот за неколку часа ги прегледа сите пациенти.
Ветеринарот ги прегледа сите овци.
4.
(се прегледа) Се провери, се испита подложувајќи се на медицински преглед.
Примери:
Се прегледа неколкупати, но ништо не му најдоа.
Таа се прегледа кај врвни специјалисти.
Изведенки
1.
прегледува несв.
(се) прегледуваат
(се) прегледуваат
2.
прегледување ср.
глаг. им.
глаг. им.