а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

предел

мн. предели
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 2488
1. Определен дел, крај од Земјината површина.
Англиски: region Албански: rajon, zonë
Употреба: Географија
Примери:
Галебе мој, срцето не е мое: мини низ сите предели неминати, крај сите живи, непознати, загинати.
планински предел
2. Општ изглед на некој крај.
Англиски: scenery Албански: pamje, peizazh
Примери:
Пределот пред нив се отвори и се покажа езерска шир.
зелени предели
снежни предели
3. Дел од телото во кој се наоѓа некој орган.
Англиски: part Албански: pjesë
Употреба: Анатомија
Примери:
Почувствува болка во пределот на градите.
Куршумот го погодил во пределот на стомакот.