презир
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 3047
1.
Чувство на пренебрегнување, крајно омаловажување.
Примери:
Во погледот имаше презир.
Зборуваше со презир.
Вид: чувство (ср.)
2.
Омалуважувачки, потценувачки однос кон некого или кон нешто.
Англиски:
contempt
Албански:
mospërfillje, përbuzje
Презир кон газдата.
Презир кон смртта.