а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

прекрши

прекршат; прекршив, прекршивме; прекршил, прекршиле
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 5664
1. Скрши, открши дел од нешто, раздели на два или повеќе делови со кршење.
Англиски: break Албански: thyej
Примери:
Го прекрши лебот насреде.
Ја прекрши штицата.
Го прекрши стапот.
2. Скрши, искрши (коски на раце, нозе) тепајќи некого.
Англиски: break Албански: thyej
Примери:
Со стапот му ги прекрши нозете на кучето.
Неубаво го фати и му ја прекрши раката.
3. Претепа, истепа многу некого.
Англиски: beat Албански: rrah, thyej
Примери:
Ќе те прекршам од мавање.
Го прекрши детето од ќотек.
4. Постапи спротивно од некој пропис, закон, наредба.
Англиски: perpetrate Албански: thyej, shkel
Употреба: Правда
Примери:
Го прекрши законот.
Ја прекрши наредбата.
5. За човек - премине определена возраст, навлезе во поодминати години.
Англиски: pass Албански: kaloj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Го прекрши половина живот.
6. За време - одмине, помине, дојде при крај.
Англиски: pass Албански: shkoj
Примери:
Пладнето одамна прекрши.
Денот прекрши.
Ноќта прекрши.
7. За зрак - промени правец при минување од една средина во различна, друга средина.
Англиски: break Албански: thyej
Употреба: Физика
Примери:
Призмата ги прекрши зраците на сонцето.
8. (се прекрши) Добие болки од работа, од напор.
Албански: lodhem
Примери:
Снагата му се прекрши од копање.
'Рбетот му се прекрши од работа.
9. (се прекрши) Престане да се сомнева, да се двоуми, отстрани сомнеж, колебање.
Англиски: change Албански: thyej, ndryshoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Но, кога ќе се прекрши јавното мислење, во моментов немам проценка.
Нешто како да се прекрши во него.
10. (се прекрши) За зрак - промени правец.
Англиски: break Албански: thyej
Употреба: Физика
Примери:
Зраците се прекршија во водата.
Зракот се прекрши во огледалото.
Изведенки
1. прекршува несв.
(се) прекршуваат
2. прекршување ср.
глаг. им.