а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пресек

мн. пресеци
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 7429
1. Рамна површина по која е пресечен некаков предмет, реално или на цртеж.
Англиски: cut Албански: prerje
Употреба: Технологија
Примери:
Пресекот на правоаголна пирамида е правоаголник.
2. Елементи што се јавуваат во две или повеќе множества.
Англиски: intersection Албански: prerje, seksion
Употреба: Математика
Примери:
Пресек на множества.
3. Преглед на основните средства, карактеристики (на определен развој, културен живот, историски настан).
Англиски: outline Албански: pasqyrë, prerje
Примери:
Пресек на збиднувањата.
Направи пресек на настаните.