а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пресече

пресечат; пресечи, пресечете; пресеков, пресекоа; пресекол, пресекле; пресечев, пресечеа; пресечел; пресечен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1459
1. Со сечење преполови, направи на делови.
Англиски: cut off Албански: prerë
Примери:
пресече лубеница, пресече леб
пресече дрво
2. Помине низ нешто делејќи го.
Англиски: divide Албански: ndahet
Примери:
Мостот ја пресече клисурата.
Патот го пресече селото.
3. Оневозможи, спречи понатамошно движење.
Англиски: block Албански: ndaloj
Примери:
Демонстрантите ни го пресекоа патот.
4. Помине по најкусиот пат.
Англиски: cross Албански: kaloj
Примери:
Пресече низ дворот.
5. Помине пред некого.
Англиски: cross Албански: kaloj
Примери:
Внимавај, црна мачка да не ти го пресече патот!
6. Помине на другата страна.
Англиски: cross Албански: kaloj
Примери:
Овде ја пресеков улицата.
7. Запре, прекине, спречи некакво дејство.
Англиски: stop Албански: ndaloj
Примери:
Песната ја пресече рекламата.
8. За звук - продре остро.
Англиски: cut Албански: pres
Примери:
Сирените го пресекоа воздухот.
9. Прекине некое зборување, грубо замолчи некого.
Англиски: shut up Албански: hesht
Примери:
Не зборувај глупости, го пресече старецот.
10. Прекори со поглед.
Англиски: blame Албански: fajsoj
Примери:
Го пресече со поглед.
11. Пресуди, разреши спор, одлучи.
Англиски: decide Албански: vendos
Примери:
Претседателот пресече: ќе има избори.
12. За вино - запре ферментација.
Англиски: stop Албански: ndaloj
Примери:
Ја пресече ширата.
Го пресече виното.
13. (се пресече) Се повреди со сечење.
Англиски: injure Албански: lëndoj
Примери:
Се пресече на прстот.
14. (се пресече) За линии, патишта и сл. - минува еден преку друг.
Англиски: cross Албански: kaloj
Примери:
Каде ќе се пресечат отсечките?
15. Изгуби сила, премали од страв, возбуда и сл.
Англиски: weaken Албански: dobësoj
Примери:
Му се пресекоа нозете.
Изрази
Ме (те, го...) пресече нешто во крстот - го жегна болка.
Ми (ти, му,...) пресече умот - одлучи, реши.
Изведенки
1. пресекува несв.
(се) пресекуваат
2. пресекување ср.
3. пресечува несв.
(се) пресечуваат
4. пресечување ср.