приказ
мн. прикази
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 4727
1.
Кратка рецензија, оцена на научно или уметничко дело.
Примери:
Приказ на поднесените реферати на Конгресот.
2.
прикажување, претставување
Примери:
сценски приказ
3.
Графичко или бројно претставување.
Примери:
шематски приказ
табеларен приказ
Изрази
За чудо и приказ - да зборуваш и да се чудиш.