а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

прикова

приковаат; прикови, приковете; приковав, приковаа; приковал; прикован; (ќе) приковев, (ќе) приковеа; (ќе) приковел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 14597
1. Прицврсти, прикрепи нешто со шајки, со окови, закове.
Англиски: nail down Албански: gozhdoj
Примери:
Ја приковав откачената полица.
2. Присили некого да остане подолго време во некаква положба, онеспособи движење.
Албански: gozhdoj
Примери:
Болеста го прикова за постела.
Стрелбата имаше за цел да ги прикове за земја.
3. Впери, насочи поглед, очи кон некого, кон нешто.
Англиски: direct Албански: gozhdoj, drejtoj
Примери:
Тој го прикова погледот вез неводојдениот посетител.
Изведенки
1. прикове св.
приковат
2. приковува несв.
приковуваат
3. приковување ср.
глаг. им.