а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пробелее

пробелеат; пробелеј, пробелејте; пробелеев, пробелееја; пробелеел; пробелеен; пробелеав, преобелеаја; пробелеал; пробелеан
Вид збор: Глагол, свршен
1. Обели, губи од интезитетот на бојата.
Англиски: pale
Примери:
Шарената престилка пробелеа од често перење.
2. За коса - почне да станува седа.
Англиски: grey
Примери:
Уште на млади години косата му пробелеа.
3. Се покаже со својата белина.
Англиски: shine
Примери:
Во темнината пробелеаја две силуети.
4. (се преобелее) Се истакне со својата бела боја.
Англиски: shine
Примери:
На исончаното лице се пробелеаја забите во широка насмевка.