провали
провалат; провалил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 20209
1.
Пробие, предаде обично тајна организација.
Примери:
Ја провалија организацијата, полицијата влезе сред состанокот.
Слично со:
предаде (св.)
2.
Разоткрие некого, нешто.
Примери:
Го провалија пред да успее да го направи тоа што го наумил.
Слично со:
разоткрие (св.)
3.
Насилно влезе.
Примери:
Ноќеска двајца провалиле во маркетот.
4.
пробие
Англиски:
break through
Албански:
depërtoj
Непријателот го провали одбранбениот обрач.
Слично со:
пробие (св.)
5.
Насилно отвори, скрши.
Примери:
Некој ја провалил вратата, но не успеал ништо да земе.
Слично со:
скрши (св.)
Изведенки
1.
провалува несв.
провалуваат
провалуваат
2.
провалување ср.
глаг. им.
глаг. им.