а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

проведри

проведриле; (ќе) проведреше; (ќе) проведрело
Вид збор: Глагол, свршен
1. Направи времето да стане поведро, небото да стане појасно, но не сосема.
Англиски: clear up Албански: kthjellohet
Примери:
Ветрот го проведри времето.
2. Тргне мисли, грижи од главата.
Англиски: clear up Албански: pastroj
Употреба: Преносно значење
3. (се проведри) Стане поведро, појасно, но не потполно.
Англиски: clear up Албански: qartësoj
Примери:
Надвор се проведри, да одиме на прошетка.
4. (се проведри) Се стемни, но за кратко се проведри.
Англиски: clear up Албански: errësoj
Употреба: Безлично
5. (се проведри) Има подобро расположение, се разведри.
Англиски: cheer up Албански: gëzohem
Употреба: Преносно значење
Примери:
По пат сретна некои познаници и се проведри.
6. (се проведри) Стане појасно, расчисти.
Албански: qartësoj
Примери:
Му се проведрило во главата, па сфатил што направил.
Изведенки
1. проведрува несв.
(се) проведруваат
2. проведрување ср.
глаг. им.