проветри
проветрат; проветрил; проветрен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 16200
1.
Прочисти воздух во просторија.
Примери:
Таа ги отвори сите прозорци и го проветри целиот стан.
Проветри ја гаражата пред да влезеш да работиш.
Слично со:
прочисти (св.)
2.
Изнесе нешто на воздух, на отворено.
Примери:
Ги изнесе капутите да ги проветри.
Слично со:
луфтира (св. и несв.)
3.
Оттргне лоши мисли.
Примери:
Излези, проветри го мозокот.
4.
(се проветри) Се прочисти воздух во просторија.
Примери:
Прозорците беа ширум отворени, но мирисот на прегорено месо не се проветри.
5.
(се проветри) Се освежи, земе воздух.
Примери:
Се проветри, излезе на снегот.
Слично со:
освежи (св.)
Изведенки
1.
проветрува несв.
(се) проветруваат
(се) проветруваат
2.
проветрување ср.
глаг. им.
глаг. им.