провокатор
мн. провокатори
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 15834
1.
Тој што провоцира.
Примери:
Тој играше улога на провокатор.
2.
Таен агент, лажен истомисленик вовлечен во некоја средина (организација, партија) со намера да поттикнува немири, казниви постапки.
Изведенки
провокаторка ж.
мн. провокаторки