а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

прогрми

прогрме, прогрмило
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 49703
1. Згрми малку, грми кратко време.
Англиски: thunder Албански: bubullon
Употреба: Безлично
Примери:
Се стемни, прогрме, но не заврна.
2. Викне со длабок глас.
Англиски: roar Албански: bërtas
Употреба: Преносно значење
Примери:
Одеднаш тој прогрме и вревата стивна.
3. Помине брзо; летне.
Англиски: roar Албански: gjëmoj
Примери:
Ех, како ни прогрмеа годините.
4. Одекне, се разнесе.
Англиски: echo Албански: eho, ushtimë
Примери:
Веста прогрме низ земјата.
Прогрмеа моторите.
Изведенки
прогрмува несв.