а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

продаде

продаде, продадат; продај, продајте; продадов, продадоа; продал; (ќе) продадев, (ќе) продадеа; (ќе) продадел; продаден
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2214
1. Даде за пари, со плаќање стока, имот и сл.
Англиски: sell Албански: shes
Употреба: Економија
Примери:
Минатото лето го продадов станот.
Ги продаде сите слики.
2. Изврши предавство, предаде некого, изневери нешто.
Англиски: betray Албански: shes, tradhtoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
За малку пари ја продаде својата чест.
За 30 сребреника Јуда го продаде Исуса.
3. (се продаде) Се предаде, помине на страната на противникот, го погази своето достоинство поради користољубивост.
Англиски: desert Албански: shes, dezertoj
Примери:
Се продаде за пари.
Се продаде за власт.