просентенција
мн. просентенции
Вид збор: Именка, женски род
1.
Термин што означува службен збор или фраза што заменува цела реченица (или повеќе реченици) и што сам по себе не би имал значење доколку не го добие од контекстот во кој се наоѓа, најчесто нешто претходно кажано и се јавува на почеток од реченицата.
Примери:
Дали уште ти се јаде бурек? – Да (уште ми се јаде бурек), но не е важно.
Сакаш ли да одиме вечер во кино? – Не (не сакам да одиме вечер во кино).
Ќе правиме ли торта? – Ок (ќе правиме торта).
Слично со:
анафора (ж.)
2.
Како просентенција можат да се јават и заменките „ова“, „она“ и „тоа“.
Примери:
Ова е фактот (што го пишува претходно) што докажува дека лавовите, во основа, се мирни животни.
Тоа е човекот (за кој ти зборував вчера).
Изведенки
просентенцијален прид.
просентенцијалниот
што се однесува на просентенција
Пример: просентенцијална теорија
просентенцијалниот
што се однесува на просентенција
Пример: просентенцијална теорија