протурка
протуркаат; протуркал
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 15282
1.
Истурка малку, премести со туркање како на сила.
Примери:
Протурка писмо под вратата.
Едвај го протуркавме креветот низ вратата.
2.
Успее да постигне нешто сосила, со голема упорност и настојување.
Англиски:
succeed
Албански:
shtyj, arrij sukses
Тој сепак го протурка својот план.
3.
Проживее извесен период со мака и тешкотии.
Примери:
Тој протурка две години во печалба и се врати дома.
4.
(се протурка) Со туркање се приближи, дојде до некое место.
Примери:
Слепецот се протурка низ народот.
Изведенки
протуркува несв.
(се) протуркуваат
(се) протуркуваат