а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пустина

мн. пустини
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2520
1. Област со малку врнежи во текот на годината, обично покриена со песок, речиси без вегетација.
Англиски: desert Албански: shkretërirë
Употреба: Географија
Примери:
Песочна пустина.
2. пустелија
Англиски: desert Албански: shkretërirë
3. проклета, проклетница
Англиски: damned Албански: i mallkuar
Примери:
Колата пак не оди, пустината.
4. за потсилување
Англиски: damn Албански: shkret
Примери:
Види ја каква убавица е, пустината.
Изрази
Фати пустина - избега, отиде далеку, незнајно каде.
По пустина - напразно.
Отиде пустина - голема загуба.
Глас во пустина - залуден глас, нема кој да го чуе и да го послуша.