раз
Вид збор: Префикс
Ранг: 17084
1.
(„рас“ пред безвучна согласка) Претставка / префикс за образување глаголи.
2.
Почеток или извршување некакво дејство со голема сила, со силен интензитет.
разбаботи, разгори
разблее, разбрбори
разбрмчи, развика
3.
Дејство спротивно на дејството изразено со основниот глагол.
развитка, разврзе
размрси, размрзне
4.
Извршување на дејството од глаголот во различни насоки со голема сила.
разгони, разбутка
5.
Извршено дејство, при што како резултат целината се дели на делови.
раскрои, расече
6.
Доведување на дејството на глаголот до резултат којшто целосно го опфаќа дејството.
разбрка, разработи
развари, разубави
7.
Извршување на дејството во целост, до крај.
разграба, распродаде
8.
Добивање особина изразена во придавката или именката од која е изведен глаголот, изразување состојба.
разбесни, разлути
(се) разболи
9.
Ублажување на интензитетот; прекин или крај на некаква состојба.
раздени, разблажи, разбуди