а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

ракав

мн. ракави
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 2233
1. Дел од облека што ја покрива раката или нејзин дел.
Англиски: sleeve Албански: mëngë
Примери:
Ми се скина ракавот.
Фустан со долги ракави.
2. Дел од река што се одделува од главниот тек.
Англиски: arm Албански: degë
Употреба: Географија
Примери:
На бреговите на Нил и на неговите ракави.
Изрази
(разг.) Засуче (запрегне) ракави (се фати сериозно за работа)
Истура како од ракав.