раководи
раководат; раководел; раководејќи
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 3746
1.
Стои на чело на нешто; зазема должност на управител.
Примери:
Сите тие ја раководеа нашата борба.
Кој ве раководи вас?
Тој ја раководи установата.
2.
вдахновува, инспирира, упатува.
Англиски:
inspire
Албански:
inspiron, drejton, frymëzon
Само таа идеја ме раководеше.
3.
(се раководи) Дејствува сообразно со нешто.
Англиски:
guide
Албански:
udhëhiqem, drejtohem
Од што се раководевте при тоа?
Тие се раководат само од неговото мислење.