а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

раѓа

раѓаат; раѓал, раѓале
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 1327
1. Дава живот некому, добива сопствено дете.
Англиски: bear Албански: lind
Употреба: Медицина
Примери:
Раѓаше секоја втора година.
2. За женско животно - добива мало.
Англиски: bear Албански: lind
Употреба: Зоологија
Примери:
Нивната крава раѓаше секоја година.
3. За дрво, растение, земја - дава плод.
Англиски: bear Албански: lulzon
Употреба: Ботаника
Примери:
Јаболкницата повеќе не раѓаше.
Нивата добро раѓаше.
4. Создава, дава почеток на нешто.
Англиски: create Албански: krijoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Лошото не раѓа добро.
5. (се раѓа) Добива живот, се јавува на светот.
Албански: lind
Употреба: Биологија
Примери:
Едни се раѓаат, други умираат.
Такви луѓе не се раѓаат секој ден.
Ретко се раѓаа мртви јагниња.
6. (се раѓа) За сонцето - излегува, се јавува.
Англиски: rise Албански: lind
Примери:
Сонцето веќе се раѓаше кога го изминавме селото.
7. (се раѓа) се јавува, се создава
Англиски: arise Албански: rjedh
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се раѓаа нежни чувства.
Разни мисли ми се раѓаа.
Изрази
(посл.) Брзата кучка слепи кучиња раѓа.