а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

ребро

мн. ребра
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 3367
1. Долгнавеста тесна коска што оди од 'рбетот кон градите.
Англиски: rib Албански: brinjë
Употреба: Анатомија
Примери:
Човекот има 12 пара ребра.
Тој скрши две ребра.
2. Во исхраната, специјалитет подготвен од месо со коска.
Англиски: rib
Употреба: Гастрономија
Примери:
Најдобрите чадени ребра се продаваат во оваа месарница.
ребра на жар
Од скара признавам само ребра.
свински ребра
3. планинска коса
Англиски: ridge Албански: varg
Употреба: Географија
Примери:
Над ребрата на планината.
Зашуменото ребро на планината.
4. Дел од моторот (цилиндар).
Употреба: Технологија
Примери:
Ребрата од надворешната страна на моторот беа уништени.
5. Предмети што наликуваат по својата форма на ребра.
Примери:
Радијаторот имаше 14 ребра.
6. Дел од брод, чун и сл.
Албански: kornizë
Примери:
Удри во ребрата на бродот.
Изрази
Го чеша (му игра) некое ребро - самиот си бара неволја, ќотек.
(благослов на момче) Дал ти бог добро, од мома ребро.
Му ги скршија ребрата - го натепаа.
Му се бројат ребрата - многу е слаб, истоштен, истрошен.