а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

репродукција

мн. репродукции
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 6047
1. Изведба на туѓо, особено музичко, дело.
Англиски: reproduction Албански: reproduksion, riprodhim
Употреба: Уметност
2. Произведување и размножување цртежи, слики, снимка преку печатење или фотографирање.
Англиски: reproduction Албански: riprodhim
Примери:
Репродукција на магнетофонска снимка.
3. Цртеж, слика, фотографска снимка, музичка снимка произведена на механички начин.
Англиски: copy Албански: kopje
Примери:
Кај него можеа да се најдат и репродукции од стари мајстори.
4. Воопшто - обновување, повторување.
Англиски: repetition Албански: përsëritje
5. Во биологијата - расплодување, размножување.
Англиски: reproduction Албански: reproduksion, rigjenerim
Употреба: Биологија
Примери:
сексуална репродукција
Изрази
Проста репродукција (екон.) - производство на исто количество производи од година на година.
Проширена репродукција (екон.) - Производи на сѐ поголемо количество производи од година на година.