рецепт
мн. рецепти
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 6729
1.
Писмен пропис на лекар за аптека заради подготвување и издавање на лекови.
Примери:
Лекарот го прегледа и му напиша рецепт.
Според рецептот.
Овие лекови се даваат само на рецепт.
2.
Упатство за начинот на приготвувањето на нешто.
Примери:
Рецепти за слатки.
Дај ми го рецептот за руска салата.
3.
Раководство, совет како да се дејствува, постапува во одделен случај.
Примери:
Секогаш се придржуваше до рецептот на татка си: рано легнувај, рано станувај.