реши
решат; решам, решиме; решив, решивме; решил, решиле; решен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 723
1.
По обмислување определи како да постапи.
Примери:
И тие решија да го напуштат селото.
Слично со:
одлучи (св.)
2.
Донесе решение за некого или нешто.
Примери:
Судот најпосле го реши нивниот спор.
Реши да го прати сина си на студии.
(разг.) Реши судбина на некого или нешто.
3.
Најде неопходен одговор, разреши задача, крстозбор и сл.
Примери:
Немаше задача од математика што тој не можеше да ја реши.
Ги реши сите загатки.
4.
(само во 3. л.) - Определи исходот на нешто.
Примери:
Тој потег ја реши партијата на првата табла.
Тоа ќе ја реши војната.
5.
(се реши) Се одлучи, донесе некое решение; осмели се нешто да направи.
Примери:
Размислив и се решив на тој чекор.
Се решив да му се доверам.
6.
(се реши) Добие решение, определи се дефинитивно.
Англиски:
resolve
Албански:
merr vendim
Најпосле ќе се реши и мојот проблем.