семинар
мн. семинари
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 13542
1.
Практични вежби на студенти по некој предмет или тема во виша наставна установа.
Примери:
Семинар по македонски јазик.
2.
Просторијата во која се одржуваат овие вежби.
Примери:
Седницата на друштвото ќе се одржи во семинарот за славистика.
3.
Вежби за издигање на квалификациите, знаењето и сл.
Примери:
Семинар на управувачи.
Семинар за секретари на основни организации.