ситен
ситна
Вид збор: Придавка
Ранг: 938
1.
Кој се состои од мали еднородни делови.
Примери:
ситен дожд
ситна сол
ситно брашно
ситни деца
ситни пари
(разг.) ситен добиток
2.
Кој нема голем обем, размери.
Примери:
ситни ореви
ситно грозје
ситни солзи
3.
Кој има мала економска сила.
Примери:
ситни сопственици
ситна буржоазија
ситно стопанство
4.
Кој нема висока општествена или службена положба)
Примери:
ситен чиновник
ситни раководители
ситни функционери
(разг.) ситна риба
5.
Кој нема поголемо значење, второстепен, несуштествен.
Примери:
Ситни подробности, ситни обѕири.
Ситни улоги.
6.
за чекор, од, оро
Примери:
ситен од
ситно оро (ситното)