а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

слета

слетаат; слетал; слетан
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 5801
1. Со летање се спушти на нешто, се приземји.
Англиски: land Албански: zbret
Примери:
Испокиснатите врапчиња слетаа во дворот.
Птицата слета со собрани крилја.
Пчелата слета на цветот.
2. За летало (авион, хеликоптер) - се спушти на писта, на земја.
Англиски: land Албански: zbret
Примери:
Авионот слета на скопскиот аеродром со задоцнување од два часа.
Спортски двосед слета на пистата.
3. (се слета) Се здаде по некого.
Англиски: attack Албански: sulmoj
Примери:
Жените се слетаа по крадецот.
Изведенки
1. слетува несв.
слетуваат
2. слетување ср.
глаг. им.