слета
слетаат; слетал; слетан
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 5801
1.
Со летање се спушти на нешто, се приземји.
Примери:
Испокиснатите врапчиња слетаа во дворот.
Птицата слета со собрани крилја.
Пчелата слета на цветот.
Слично со:
приземји (св.)
2.
За летало (авион, хеликоптер) - се спушти на писта, на земја.
Примери:
Авионот слета на скопскиот аеродром со задоцнување од два часа.
Спортски двосед слета на пистата.
Слично со:
атерира (св. и несв.)
3.
(се слета) Се здаде по некого.
Примери:
Жените се слетаа по крадецот.
Изведенки
1.
слетува несв.
слетуваат
слетуваат
2.
слетување ср.
глаг. им.
глаг. им.