слушалка
мн. слушалки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 4080
1.
Лекарски уред за преслушување на срцето и дробовите.
Примери:
Лекарот беше си ги заборавил слушалките.
Слично со:
стетоскоп (м.)
2.
Дел од телефонски апарат што служи и за слушање и за зборување.
Примери:
Професорот ја дигна слушалката и се јави.
3.
(обично мн.) Апарат за слушање радио без звучник и за работа на телеграфист.
Примери:
Телеграфисти со слушалки на уши.