снаа
мн. снаи
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1716
1.
Жената на синот во однос на неговите родители.
Англиски:
daughter-in-law
Албански:
reja, nuse
Старата имала две снаи.
Снаата и синот работеле за сите.
2.
Жената на братот во однос на другите браќа и сестри.
Англиски:
sister-in-law
Албански:
kunatë
Децата се сами, брат ми и снаа ми се на пат.
3.
Обраќање, обично од постари луѓе, кон помлада жена.
Албански:
nuse
Снао, подај ми една чаша вода.