а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

собрание

мн. собранија
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 4393
1. Општо заседание на членови на некоја организација, колектив за разгледување извесни прашања; учесниците на такво заседание.
Англиски: assembly Албански: kuvend
Употреба: Административен термин
Примери:
Годишно собрание на друштвото.
Собранието ја осуди неговата постапка.
2. Назив на некои изборни установи.
Англиски: assembly Албански: asamble
Употреба: Политика
Примери:
законодавно собрание
уставотворно собрание
3. Назив на некои органи на државната управа; највисок изборен законодавен орган на државната власт.
Англиски: parliament Албански: parlament
Употреба: Административен термин
Примери:
Градското собрание на Скопје
Собрание на Република Македонија
Народното собрание на СРМ
4. збирка
Англиски: collection Албански: koleksion
Употреба: Архаизам , Книжевен збор
Примери:
Собрание од народни песни.
Изведенки
собраниски прид.
собраниски
Што е во врска со собрание.
Пример: собраниска процедура