сончев
сончеви
Вид збор: Придавка
Ранг: 1828
1.
Што се однесува на Сонцето.
Примери:
Сончева енергија
Сончева светлина
Сончева топлина
Сончеви зраци
Сончев удар
Сончев часовник
(разг.) Сончевиот систем
Слично со:
соларен (прид.)
2.
Што е со сонце, со сончева светлина; изложен на сонце.
Примери:
сончев ден
сончево време
сончева страна
сончева соба
3.
радосен, светол, среќен
Примери:
сончеви слики
сончева насмевка
сончева иднина
Слично со:
светол (прид.)
Изрази
Сончев часовник - инструмент што го покажува времето со стрелки во форма на сенки што ги фрла Сонцето врз бројчаникот.
Изведенки
сончево прил.
Пример: Утре времето ќе биде сончево.
Пример: Утре времето ќе биде сончево.