состав
мн. состави
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 2051
1.
Целокупност од делови што образуваат некоја сложена целина; сите материи што влегуваат во некое хемиско соединение.
Англиски:
composition
Албански:
përbërje
речничкиот состав на македонскиот јазик
хемискиот состав на водата
2.
Сите луѓе од кои се состои некој колектив, група и сл.
Англиски:
composition
Албански:
përbërje
составот на извршниот комитет
составот на владата
составот на одборот
составот на судот
Слично со:
екипа (ж.)
3.
Лица што составуваат некоја категорија.
Примери:
команден состав
раководен состав
професорски состав
Слично со:
екипа (ж.)
4.
работа, дело
Примери:
писмен состав
литературен состав
5.
Местото каде што е составено нешто.
Примери:
попушти на составот