социјалистички
социјалистичкиот
Вид збор: Придавка
Ранг: 3386
1.
Што се однесува на социјализам; што има за цел социјализам.
Примери:
Социјалистички систем.
Социјалистичка револуција.
Социјалистичка преобразба на селото.
2.
Заснован врз принципите на социјализмот; својствен на социјалистичко општество.
Англиски:
socialistic
Социјалистичко општество.
Социјалистичка култура.
3.
Проникнат со идеите на социјализмот.
Англиски:
socialistic
Социјалистичка свест.
Социјалистички однос кон трудот.
4.
Што се однесува на социјализам, социјалдемократски.
Англиски:
social-democratic
Социјалистичка партија.
Изрази
Социјалистички реализам - правец во уметноста, според кој уметничките дела треба да ги изразуваат идеалите на социјалистичкото општество.
Социјалистичка република.
Социјалистички натпревар.