а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

спаси

спасат; спасил; спасен; (ќе) спасел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 776
1. Извлече од тешка или опасна ситуација.
Англиски: rescue Албански: shpëtoj
Примери:
Му го спаси животот.
2. Донесе на сигурно место.
Англиски: salvage Албански: shpëtoj, strehoj
Примери:
Го спасија во болница со брза интервенција.
3. Спречи, не дозволи да се случи нешто.
Англиски: prevent Албански: parandaloj
Употреба: Спорт
Примери:
Спаси гол.
4. (се спаси) Се избави, се ослободи од лошо, од зло.
Англиски: save
Примери:
Со бегство се спасиле од сигурна смрт.
Изрази
Спаси глава - избегне смрт, остане жив и здрав.
Спаси кожа - избегне непријатна ситуација.
Се спаси за влакно - едвај се спаси.