а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

според

Вид збор: Предлог
Ранг: 194
1. За искажување дека нешто се врши сообразно, согласно со нешто.
Англиски: according
Примери:
Според нашите книги, излегува дека претпријатието работи со загуби.
Според законот.
Според обичајот.
Според можностите.
Според способностите.
2. Во состав со личните заменки мене, тебе или со именка -по мое, твое мислење, сфаќање.
Англиски: according
Примери:
Според него, тоа не заслужува внимание.
Ќе треба, според тебе, да се свика состанок.
Според некои научници, градот се наоѓал десно од патот.
3. во споредба со, спроти
Англиски: in comparison
Употреба: Ретко
Примери:
Ти не си ништо според него.